| четврток, 6 декември 2018 |

Канадскиот балет од Монтреал вечерва на сцената на МОБ

Вечерва со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе гостува канадскиот „Les Grands Ballets“, од Монтреал. Уметнички директор на трупата е Градимир Панков, кој е роден во Скопје. По брилијатната кариера како танчар на просторите на поранешна Југославија и Германија, успешно ја презема улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II (Холандија), Националниот балет од Финска (Хелсинки), Кулберг балетот (Шведска) и Балетот на Големиот театар во Женева (Швајцарија). Во „Les Grands Ballets“ од Монтреал е од 1999 година.

Претставата со која доаѓаат гостите од Канада носи наслов „Минус еден“ и во неа учествуваат повеќе од 25 танчари. Кореограф е Охад Нахарин, а нејзиното дејство е сублимирано со следниве зборови: „Илузија на убавината/тенката линија која го двои лудилото од разумот/паниката скриена зад смеењето/соживотот на заморот и елеганцијата…“. Овие зборови ја отвораат „Минус еден“ на Охад  Нахарин, едно од најиновативните  дела од репертоарот на Les Grands Ballets Canadiens de Montreal .

Музиката е преземена од: „Mambo Fever“, Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт), „Unknown Territory“ од Дик Дејл, „Hava Nagila„, „Ehad Mi Yodea“ (аранжман и изведба од „The Tractor’s Revenge“), „Somewhere over the Rainbow“ од Арлен Харолд (aдаптиција, Маруша), „Fratres“ од Арво Парт.

Аранжирано со Universal Editions Vienna, издадено како Etude Nº3 за маримба од Пол Смадбек. „Greensleeves“ (аранжиражман на Џереми Барло, диригент).

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top