Од денеска, 8 април почнува Саем на книга 2014, каде што „Арс либрис“ ќе промовира преку 100 нови наслови од различни области и едиции.
Меѓу најновите изданија кои ќе бидат промовирани се автобиографијата на Алекс Фергусон, Џулијан Асанж „Неавторизирана автобиографија“, Јонас Јонасон со „Стогодишникот што скокна низ прозорец и исчезна“, Грем Симсион и интернационалниот книжевен феномен „Проектот Роузи“, Џоди Пико и „Раскажувачката“, „Безнадежно“ на Колин Хувер, новелата „Сјаење“ и серијата „Зелената милја“ на Стивен Кинг, Лојд Џонс со „Господин Пип“ и уште низа други интернационални бестселери.
Од новите жанрови за првпат ќе се објави легендарната и ултрасмешна серија „Дисксвет“ на најпродаваниот жив британски автор, како и еден од наплодните автори на денешницата, Тери Прачет. Исто така, како новитет ќе биде промовиран жанрот графички роман, преку „Боксерот, Фауст и Дон Кихот“.
Од областа на стручната литература, „Арс ламина“ ќе понуди преку 200 нови наслови. Фокусот ќе биде ставен на промоција на новото, 40. издание на „Нојферт архитектонско проектирање“, кое ќе биде достапно во претпродажба за време на саемските денови. Овој прирачник претставува суштинска референца за проектирање и планирање на изградбата на кој било објект.
Целата стручна литература во издание на „Арс ламина“ ќе биде достапна со 30 проценти попуст за време на саемот, а за купени три книги одеднаш попустот ќе биде 50 отсто. Белетристичките наслови на посетителите на саемот ќе бидат понудени со попусти и до 70 отсто.
Дополнително, во соработка со Скопски саем, Арс Либрис ќе подари 300 книги за посетителите на Саемот на книгата. Имено, посетителите со секоја купена влезница за Саемот на книгата ќе имаат можност да добијат книга подарок во издание на „Арс либрис“. Секој ден во 18.00 часот на штандот ќе се доделуваат по 50 книги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.