Кандидатот за претседател од Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски на вечерашните средби со граѓани на скопските населби Кисела Вода и Мичурин порача дека нема да биде доволна само неговата победа на претседателските избори, туку е неопходна и промена на власта.
– Нема да биде доволна само мојата победа, туку е неопходна и нова влада. Во спротивно, последиците ќе бидат катастрофални – рече Пендаровски.
Нагласи дека никој, па ни СДСМ, не може да вети моментално подобрување на состојбата во Макединија. Според него, процесот ќе биде долг, но успешен.
Рече дека не бил остар во телевизиското соочување на кандидатите во саботата, бидејќи сметал дека Иванов не му е достоен противник.
Не ми беше ќеф, затоа што Иванов е само чирак на Груевски, рече Пендаровски во Кисела Вода.
Тој посочи дека македонскиот образовен систем не нуди квалитетни кадри.
– Нема квалитет, туку само квантитет во образованието. Масовно се штанцаат магистри и доктори, а во исто време невработеноста енормно расте – посочи Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пендаровски: Ако се подели Косово, прва колатерална штета ќе биде Македонија!
-
Министерот за култура се сретна со амбасадорите на Турција и на Унгарија
-
Стево Пендаровски поднесе оставка од пратеничката функција
-
Работна посета на Брисел: Груевски денес на средби со еврокомесарот Хан и европарламентарците Кукан и Келам (Фото)