Трикратниот европски првак Кил ќе гостува во Скопје на 19 април, а дуелот против македонскиот вицешампион Металург во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе може да се следи во живо за цена од 350 до 700 денари.
Секако ова е понуда за сите што ќе сакаат да присуствуваат на мечот во салата „Борис Трајковски“. Продажбата ќе почне на 14 април, понеделник во 17 часот, а според интересот билетите ќе пламнат за само неколку минути.
За претходниот дуел со Колдинг во осминафиналето во ЛШ, од таборот на Металург објавија дека околу 3 илјади влезници што беа пуштени во слободна продажба, беа купени за само 17 минути.
Сите што нема да можат да обезбедат билет за спектаклот во Скопје на 19 април, а сакаат да го гледаат мечот,ќе можат да го сторат тоа на АЛФА телевизија, која ги има екслузивните права за преноси од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.