| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Проектот за државна кардиохирургија ме прави посебно горд

todorov 2

– Има доста проекти што беа реализирани за коишто добивме меѓународна потврда, како што се државната кардиохирургија, еден проект којшто ме прави особено горд затоа што по повеќе децении во Македонија ја формиравме оваа здравствена установа во која веќе се направија првите две интервенции, можам да кажам дека веќе се поставени темелите на државната кардиохирургија во Македонија – изјави Никола Тодоров, министер за здравство на прославувањето на 7 април, Светскиот ден на здравјето.

Оваа година Светскиот ден се одбележува под мотото „Мал убод, голема закана“, посветен на спречување на вектор преносливи болести. Тодоров, во своето обраќање, укажа на придобивките од реализираните проекти во здравството, кои, како што нагласи, значително го унапредиле здравствениот систем во Македонија.

Ресорниот министер се осврна и на воведувањето на неонаталната кардиохирургија во Македонија, проект кој, како што рече, е многу значаен за здравствениот систем.

– Тоа е еден проект којшто многу значи за поставеноста на здравствениот сиситем во Македонија, особено затоа што станува збор за грижа за најмладите, многу значаен е и проектот за комплетна гасификација на Клиничкиот центар во Скопје, како и проектот за гасификација на ГОБ „8 Септември“, поликлиниката „Букурешт“  и секако иградбата на ПЕТ-центарот – истакна Тодоров.

Укажа и на значењето на проектот за воведување на 100 нови методи во македонското здравство, благодарение на кој за прв пат во Македонија ќе бидат воведени нови методи кои досега не се работеле во Македонија.

– Проектот  100 нови методи е веќе започнат, односно се реализира во делот на едукација на докторите, а инаку овој проект се однесува на две работи и тоа едукација и  воведување на нови методи во општите клинички болници во Македонија односно дисперзирање на што е можно поголем број на квалитетни здравствени услуги во што поголем број центри во Македонија и на тој начин избегнување на чести патувања на пациентите од внатрешноста кон Скопј,  а исто така и воведување на нови методи кои досега не се работеле во Македонија и за кои што обично пацинетите биле испраќани во странство, рече Тодоров.

Тој  нагласи дека очекува сите проекти кои веќе се воведени или ќе бидат воведени во здравството ќе придонесат за унапредување на здравствениот систем во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top