Снимањето на филмот „Војна на ѕвездите: епизода 7“ почна изминативе денови иако актерската екипа сѐ уште не е целосна, потврдија од „Дизни“.
Како што пренесува „Тотал филм“, првиот човек на компанијата, Алан Хорн, потврди дека поголемиот дел од аудицијата е завршен, но и дека останале уште неколку празни места.
– Имаме многу, но не сме завршиле целосно – вели тој.
Се претпоставува дека снимањето го почнала друга екипа, а режисерот Џеј Џеј Ејбрамс подоцна во Велика Британија ќе ги собере новите лица и легендарното трио кое го сочинуваат Харисон Форд, Кери Фишер и Марк Хамил.
Премиерата е закажана за 18 декември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.