| четврток, 6 декември 2018 |

Стопанската комора на Македонија одбележува 91 година

Стопанската комора на Македонија, партнер и застапник на деловните интереси на стопанството во земјава, денеска одбележу 91 година од основањето

UntitledСтопанската комора е водечка бизнис-асоцијација во Македонија. Функционира од 1922 година, членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. Има околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија кои имаат доминантно учество во формирањето на сите макроекономски индикатори на ниво на државата, БДП, измирување на обврските кон државата, вработување, надворешно-трговска размена. Комората придонес за развојот на македонското стопанство, пред се, за стручното оспособување на кадрите, подобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали. Таа е социјален партнер за прашања што се од интерес за нејзините членки, како работното законодавство, надворешно-трговската размена, даночниот и царинскиот систем, финансискиот систем, стручното образование. Од основањето до денес го следи развојот на образовниот систем и настојува да ги следи потребите на стопанството.

proslava na 90g Stopanska KomoraНа минатогодишниот девет децениски јубилеј на најстарата, најбројната и најголемата бизнис- заедница во земјава, вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека токму блиската соработка меѓу Владата и бизнис-секторот, како и нивната брза реакција се едни од факторите кои се пресудни за амортизирање на негативните последици од економската криза и имаат значајни влијанија врз успешноста во справувањето со овој горчлив проблем.

– Предлозите, иницијативите и барањата на Стопанската комора на Македонија, секогаш сме ги третирале со висока сериозност и голем респект, бидејќи знаеме дека тие навистина се гласот на бизнис-заедницата.

И годинава Комората ќе посвети посебно внимание на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство. Тие по тој повод ќе добијат и признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top