| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена пошта во Арачиново

Викендот од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба во Пошта сопственост на Македонска Пошта АД-Скопје, лоцирана во с.Арачиново.

Украдени се метална каса во која имало 17.412 денари, еден жиг со логото на поштата, поштенски марки, коверти, уплатници со вредност од околу 33.000 денари.

Имено, сторителот со употреба на погоден  предмет исекол заштитна решетка на прозорецот, влегол внатре ги одзел наведените предмети и го напуштил лице местото.

Се работи на пронаѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top