Двајца полициски службеници попладнево биле повредени во Арачиново. По укажаната лекарска помош тие се пуштени на домашно лекување.
Денеска (25.6.2018) околу 17 часот на ул. 1 во с. Арачиново полициски службеници запреле возило „Голф“ во кое се превезувале две лица О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна, информираат од МВР.
Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник. Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „Голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М.. На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување, се вели во соопштението од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


