Руски војник синоќа застрела украински воен офицер во источен Крим, информира денеска Министерството за одбрана во Киев.
Oва е еден од малкуте инциденти со смртни последици за кои е информирана јавноста откако Русија ја презеде контролата врз црноморскиот полуостров.
Според првични податоци, украински војници се напиле во селото Новофодоровка и се скарале со руските колеги крај граничниот премин, каде што Украинците претходно биле на служба, посочуваат руските медиуми, според кои убиениот е офицер на украинските копнени сили.
Руски војник, кој се здобил со телесни повреди, во самоодбрана пукал кон мајорот Станислав Карачевски, соопштија од кримската истражна комисија. Во врска со овој случај е поведена постапка за убиство, за која максималната казна е 15 години затвор.
Во текот на ноќта група пијани хулигани нападнале едно кримско воено одделение и стационар. Напаѓачите се нафрлиле врз припадници на МВР и една воена патрола во обид да им го одземат оружжјето. За време на акцијата еден од хулиганите бил приведен, а вториот бил ранет, но пред да пристигне возилото за брза помош им подлегнал на здобиените повреди. Тројца од напаѓачите успеале да побегнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.