Судирот во кој рускиот војник брутално го претепал командантот на ОВК Рамуш Харадинај се случил во 2000 година, а епилогот на таа тепачка можете да го видите на фотографиите кои ги објави „Покрет Наши”.
На фотографиите се гледа претепаниот претседател на партијата „Алијанса за иднината на Косово“, Рамуш Харадинај.
Судирот се случил во 2000 година меѓу руските војници кои биле стационирани во Косово и Метохија и новоформираните безбедносни сили во јужната српска покраина.
Тие фотографии се направени во близина на селото Мушотиште во Сува Река.
– Руската единица од составот на КФОР го запрела возилото со вооружани терористи, меѓу кои бил и Харадинај.
Бидејќи биле брзо совладани и разоружани, Харадинај му рекол на војникот дека е џудист и дека ќе разговарале поразлично доколку Русинот не бил вооружен. Рускиот војник наредил да го одврзат Харадинај, ја оставил пушката, а потоа му објаснил која е разликата меѓу руски „падобранец” и најобичен бандит. Борбата била кратка, но брутална. Руските војници кои не знаеле кој е Харадинај, го предале на органите на ООН, кои подоцна го ослободиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.