| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на оксфордскиот професор Нивонер на скопскиот Филозофски факултет

филозофски

Професорот по византиска археологија Филип Нивонер, кој предава на Катедрата за археологија на Универзитетот во Оксфорд, од утре ќе одржи серија предавања на Филозофскиот факултет во Скопје.

Станува збор за курсот „Археологијата на мермерот во Македонија и византискиот свет“, кој ќе се одржи на 10, 14, 16 и 17 април со почеток од 10 часот.

Предавањата на професорот Нивонер ја отвораат серијата таканаречените визитинг предавања меѓу Институтот за историја на уметноста и археологија и Катедрата по археологија од  Оксфорд, за кој е потпишан меѓусебен договор во ноември лани, по иницијатива на фондацијата „Кирил Трајковски“.

Филозофскиот факултет во Скопје потпиша меморандум за соработка со оваа фондација кој ќе овозможи размена на професори меѓу Оксфорд и Скопје, како и организирање научни конференции, усовршување на млади археолошки кадри од Македонија во Оксфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top