| четврток, 6 декември 2018 |

Ана го освои турнирот во Монтереј

Во српското финале на турнирот во Монтереј, Ана Ивановиќ ја победи Јована Јаксиќ со 2-0, во сетови 6-2, 6-1.

Ана на овој меч беше убедлива. Иако слабо го почна мечот, покажа дека нејзината намера е да ја оправда улогата на апсолутен фаворит.

На моменти Јаксиќ го покажуваше талентот, но разликата во искуството и квалитетот беа на страната на поранешната освојувачка на Ролан Гарос.

Турнирот во Монтереј се играше за награден фонд од 500 илјади долари, од кои Ана ќе добие 111 илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top