За следење на претседателските и на предвремените парламентарни избори досега се акредитирани 8.325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи.
Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ досега акредитирала 1.790 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 4.970, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 1.500, ЦИВИЛ-Центар за слобода 50 набљудувачи, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 41 набљудувач, ОБСЕ 91 набљудувач, Парламентарното собрание на Советот на Европа 21, ЕУ – 27 набљудувачи, амбасадите на САД – 27 набљудувачи, на Шведска 13, на Италија 12, на Турција – 11, на Франција осум, на Бугарија и Холандија по шест, на Косово – пет, на Словенија – четворица, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Германија, Катар, Црна Гора и Србија по еден набљудувач и на Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач.
Барањето за акредитација до ДИК за претседателските избори заврши, додека за парламентарните избори според роковникот на Комисијата е до 22 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.