| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон се замеша во борбата за место во Лигата на шампиони

Фудбалерите на Евертон на „Гудисон“ го совладаа Арсенал со резултат 3-0 во 33. коло од Премиерлигата.

Домаќините за половина час игра имаа предност од два гола. Прво Нејсмит ја затресе мрежата, а Лукаку во 34. минута со прекрасен гол го зголеми водството на 2-0.

Дилемата за победник ја реши Артета со автогол во 61. минута.

По денешната победа, борбата за четвртото место кое води во Лигата на шампиони стана неизвезна, бидејќи Евертон сега има бод, но и натпревар помалку од Арсенал кој се наоѓа на четвртата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top