| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите ќе добијат бесплатен туристички викенд

penzioneri banja

Бесплатен туристички викенд за пензионери најави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Со цел да се обезбеди квалитетен живот, социјална заштита и сигурност на највозрасните, од 2015 година ќе почнеме со реализација на проектот „Бесплатен туристички викенд за пензионери“. Бесплатниот викенд ќе може да се искористи во одморалиштата и хотелските комплекси кои се наоѓаат на планините и крајбрежјето на езерата во Македонија како на пример во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево. Во овој проект влегува платен превоз, ноќевање и два полни пансиона. Исто така, ќе воведеме бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на повозрасни лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите  лица, мажи повозрасни од 64 години и жени од 62 години ќе имаат право на бесплатен превоз во повратен правец во определен викенд во месецот – истакна Груевски.

Меѓу другото, тој најави дека секоја година ќе има зголемување на пензиите на пензонерите по пет проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top