| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид се врати во игра

Кралскиот клуб ја поврати самодовербата по двете победи откако претходно  ја загуби водечката позиција и од лидер на табелата дојде зад  Атлетико Мадрид и Барселона.

Реал синоќа го победи Реал Сосиедад со головите на Иљараменди во 45. минута, Бејл во 66. минута, Пепе во 85. минута и Мората во 88. минута.

Од  другите натпревари од 32. коло:  Атлетико Мадрид – Виљареал 1:0, Барселона – Бетис 3:1, Рајо Ваљекано – Селта 3:0 и Алмерија – Осасуна 1:2.

Денеска се играат натпреварите: Малага – Гранада, Елче – Хетафе, Севиља – Еспањол и Ваљадолид – Валенсија.

На табелата на Примера води : Атлетико Мадрид 79 бодови, Барселона 78, Реал Мадрид 76, Атлетик Билбао 56, Севиља 50, Реал Сосиедад 50, Виљареал 49…..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top