Кинеската Комунистичка партија директно порача дека Северна Кореја поради своите постапки не треба да сноси санкции кои им ги наметнуваат САД, Јапонија и Јужна Кореја.
– Кина е соочена со тежок дипломатски проблем. Единствен избор е избегнување на дополнително влошување на ситуацијата. Кина се противи на нуклеарните тестови на Северна Кореја и својата позиција мора јасно да ја изрази. Кина мора да го информира Пјонгјанг дека ако продолжи со нуклеарни тестови помошта ќе им биде прекината. Но Кина и понатаму е пријател на Северна Кореја. Тоа значи дека Кина нема заедно со Јужна Кореја, Јапонија и САД да наметнат санкции и ќе ја блокираат секоја резолуција на ОН насочена против севернокорејскиот режим, се наведува во воведникот на кинескиот провладнин весник Глобал Тајмс.
Северна Кореја минатата недела успешно тестираше нуклеарна бомба и најави дека во следните неколку месеци ќе изведе уште две проби. ОН реагираа со свикување итен состанок на Советот за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.