| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Денес Македонија е раскарана со сите соседи

Stevo Pendarovski univerzalna 02 (Custom)

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, синоќа ја претстави својата програма на централен митинг во Штип, од каде што порача дека е дојдено време да се решаваат проблемите на граѓаните, а нивните пари да се трошат за развој, а не за споменици.

Тој се осврна и на односите со соседните земји.

– Денес Македонија е раскарана со сите соседи и каска задсите во регионот. Во нашава држава законите селективно се применуваат. Дури и Рамковниот договор, кој е од суштинска важност за опстанокот на земјава, го сведоа на квота и бројка. Нè поделија по секоја основа. Нè понижија кога спомениците ги направија поважни од нас – нагласи Пендаровски во своето обраќање пред штипјани.

– Во нормалниот демократски свет, човекот е пред сè. Не може држава без народ. Со нова политичка структура, која ги разбира проблемите на младите, возможно е да се спречи масовното иселување. Тоа не се постигнува со лагите што ги применува актуелнава Влада. Лажат дека ЕУ и САД се распаѓаат. Но, ако е тоа вистина, тогаш зошто нивните скапи роудшоуа се концентрирани токму на барањето инвеститори од таму. Не, не се распаѓаат ниту ЕУ, ниту САД, туку ние финансиски и економски колабиравме – изјави Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top