Во домот на Оскар Писториус, најпознатиот параолимпиец во светот е пронајдена крвава палка за крикет, соопшти полицијата и тој е осомничен за убиство на својата девојка.
Писториус тврдеше дека со огнено оружје пукал во својата 30-годишна девојка Рива Стинкамп мислејќи дека станува збор за провалник. Тој ја застрелал со четири куршуми низ вратата од купатилото. Познатата јужноафриканска манекенка сакала да го изненади за Денот на вљубените и го разбудила рано наутро.
Локалниот весник „Сити прес“ денес пишува дека имало повреди на главата на Рива и дека полицијата нашла крвава палка за крикет и сега се истражува дали крвта е на Рива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка