Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска, на европскиот конгрес на нејзината Христијанско-демократска унија во Берлин ја предупреди Москва на можноста од нови економски санкции, доколку ситуацијата со Украина и натаму ескалира.
– Доколку и натаму се напаѓа територијалниот интегритет на Украина, тогаш ќе мораме да наложиме воведување економски санкции – рече Меркел и предупреди дека не треба да има сомнение дека Европјаните колку и да се различни, ќе донесат заедничка одлука.
Меркел изрази жалење поради случувањата во Украина и поради тоа што во време на се поинтензивна соработска со Русија победило едно мислење на територијални претензии и тоа само затоа што „луѓето од Украина сакаа договор со Европа“.
Таа рече дека сепак, без оглед на се, дипломатските напори не смеат да престанат и потенцираше дека таа лично секојдневно се залага за разговори со Русија.
Меркел истакна дека правото на посилниот не смее да стои над правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



