Дел од британските медиуми шпекулираат дека најдобриот играч на Манчестер Јунајтед сака да го напушти Олд Трафорд и неговата повреда во лигата на шампионите ја поврзуваат со неговата желба да си оди од тимот кој догодина нема да се пласира ниту во Лигата на Шампионите.
Вејн Руни на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен заработи повреда на ножниот прст поради која ќе го пропушти дуелот со Њукасл од Премиерлигата.
,,Неговиот прст е во многу лоша состојба. Големо прашање е дали ќе се опорави до среда за натпреварот против Баерн’’ изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс кој своите мисли ги насочи кон реванш натпреварот против Баерн Минхен.
Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите одигра нерешено 1:1 и отсуството на Руни во реваншот би бил тежок удар за овој тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



