| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ нуди програма без рокови, планови и буџети

Zoran-Zaev-5

Опозициската СДСМ денеска покажа дека целата изборна програма ја темели на неиздржани и недоволно осмислени проекти без никакви рокови и план како ќе се реализираат. На презентацијата на изборната програма за периодот 2014-2018 година, „Промени за нов почеток“ под мотото „Да ја вратиме средната класа“ што се одржа во партиското седиште, раководството на СДСМ покажа памфлет на 90 страници.

Програмата која според опозицијата, се темели на три столба – „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“ и покрај очекувањата на јавноста е далеку од сериозна понуда која граѓаните ќе ги убеди дека им се нуди нешто ново, реално и корисно. И покрај притисоците на јавноста СДСМ повторно го потценува народот и избегна детално да ги објасни своите нафрланите ветувања со точно прецизирани рокови до кога ќе се реализираат овие ветувања и планови за реализација.

Очигледно СДСМ и овој пат не успеа да парира на програмата на ВМРО ДПМНЕ која е спакувана во документ на околу 400 страници со прецизни рокови и испланирани буџети кои ќе бидат користени при реализацијата на ветувањата.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски вечерва ќе ја презентира програмата на големиот партиски митинг што ќе се одржи на плоштадот Македонија во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top