| четврток, 6 декември 2018 |

Се жени Филип Лазаров, Стоилов ќе му биде кум

филип лазаров и сопругата

Филип Лазаров (29), левиот бек на ракометниот првак Вардар и на сениорската репрезентација на Македонија, утре во Свети Николе ќе се жени со архитектката Билјана Стамболиева, а кум ќе му биде Стојанче Стоилов, клупскиот и репрезентативен другар на Лазаров.

Тој и Билјана се од Свети Николе, но подобро се запознале кога таа дошла во Скопје да го продолжи образованието, на 18 години. На свадбената веселба ќе присуствуваат и неколку ракометари од неговиот клуб и од македонската репрезентација, Владо Недановски, Градимир Чоневски, Филип Миркуловски и Ванчо Димовски.
Поради приновата која ја очекуваат Филип и Билјана, свадба ќе прават следната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top