Во својата најнова програма, со која ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави пред граѓаните на предвремените парламентарни избори, најавува креирање и на 64.000 работни места.

Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе биде промовирана вечерва во Скопје на централниот митинг кој ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 20 часот.
– Драги пријатели, нѐ делат уште 24 часа кога утревечер на скопскиот плоштад ќе ја промовираме новата програма за наредните 4 години, програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Само уште 24 часа и народот ќе може да види какви сериозни и крупни проекти се планираат за наредните 4 години. Нови 2046 проекти во програмата ќе можете да ги видите од утре па натаму. Од утре ќе почнеме да разговараме со конкретни работи, со конкретни дела. Тука е нашата сила. Тука е нашата моќ – рече Груевски на синоќешниот митинг одржан во Куманово.
Тој истакна дека со СДСМ се разликуваат во најмалку 2 работи – дадениот збор и квалитетот на програмата за развој на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


