Педесет и четиригодишен тетовец под дејство на алкохол нападнал полицајци додека го приведувале. Инцидентот се случил вчера на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово откако по претходна дојава за нарушување на јавен ред и мир полициски службеници се обиделе да го легитимираат Д.Е. (54) од Тетово.
Тетовецот, кој бил видно под дејство на алкохол, почнал да ги навредува полицајците, а потоа и да им се заканува. При преземањето мерки за негово приведување, почнал физички да ги напаѓа.
Во попречувањето на полициските службеници се приклучил и неговиот син Ќ.Е.(21).
По целосното расчистување на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?