
– Пет лица загинаа, откако поради одрон, предизвикан од поројните дождови денеска на најголемиот индонезиски остров Јава, патнички воз излета од шините.
Во возот, кој сообраќал од градот Бандунга на западна Јава до Маланг на источниот дел на островот, се наоѓале околу 250 патници.
Земјата се одронила под шините додека возот минувал низ град Тасикмалаја, по што од шините излетаа три од вкупно осум вагони, изјави портпаролот на индонезиската агенција за вонредни ситуации, Сутопо Пурво Нугрохо, додавајќи дека загинале пет луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


