Црвена
Бојата што никогаш нема да излезе од мода особено кога се работи за усните. Било да е мат, сјајни или интензивни нијанси, и оваа година ќе бидат застапени на црвениот ќилим, како и на улиците на светските метрополи.
Виолетова
Ова е бојата што најдобро им шрилега на оние со кафени очи, а во овој период ќе биде апсолутен тренд. Актуелни се сите нијанси, од најсветла до боја на слива. Важно е да ја погодите онаа што на вас најдобро ви прилега.
Бронзена
Од Њујорк до Милано, тренд се бронзените тонови на лицето, капаците и на косата. Со бронзер исенчајте го лицето, а на очите нанесете златна сенка и ќе бидете вистинска дива.
Тиркизна
Пастелните бои се идеални да престојната пролет. Можете да се определите за тиркизен ајлајнер или ако сакате да бидете забележани, за сенка во таа боја што можете да ја нанесете на целиот капак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



