| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Нема да има предвремени парламентарни избори во Турција

ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на денешната прва прес-конференција по убедливата победа на неговата партија на локалните избори во неделата, ја отфрли можноста за распишување предвремени парламентарни избори.

– Нема да има предвремени избори. Тоа е принцип на нашата партија. Треба да ја гледаме својата работа – истакна Ердоган, не криејќи дека размислува за кандидирање на претседателските избори.

Доколку Ердоган учествува во трката за претседател, постојат индиции дека актуелниот шеф на државата Абдула Ѓул би можел да биде потенцијален премиер.

Тој меѓу другото остро ја критикуваше и одлуката на Врховниот суд за укинување на забраната за Твитер и ЈуТјуб, а изнесе и неколку економски предлози.

Турскиот премиер оцени дека Централната банка треба да ги намали каматните стапки што, според него, ќе ги охрабри инвеститорите да вложат повеќе пари во Турција.

Инвеститорите ги поздравија резултатите од изборите, но стравуваат дека победата на Ердоган би можела да ја зајакне неговата желба за општествена, но и економска доминација преку мешање во монетарната политика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top