| четврток, 6 декември 2018 |

РКЕ: СДСМ дава неточни и тенденциозните наводи

  •  struja-dalekovod1

    Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во целост ги отфрла тенденциозните и неточни наводи изнесени на денешната прес конференција на СДСМ кои очигледно имаат за цел добивање на ситни политички поени во овој предизборен амбиент.

    – Би сакале да ги повториме и следните факти.Клучната придобивка од оваа фаза на процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија е намалување на цените за електрична енергија за квалификуваните компании, со што значително ќе се подобри нивната конкурентност и директно ќе има позитивен ефект врз целокупната економска активност во државата, а со тоа ќе има позитивен ефект кој што ќе го почувствуваат и граѓаните, преку можностите за зголемување на платите во компаниите на кои ќе им се намалат трошоците кои досега ги плаќале и преку отворањето на нови работни места -истакнуваат од РКЕ.

    Оттаму додаваат дека како што беше објаснето и на вчерашната прес конференција, иако искуствата од другите земји покажуваат дека процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија може да доведе до поскапување на електричната енергија за домаќинствата, имајќи го тоа во предвид Регулаторната комисија за енергетика има изработено заштитни механизми со кои што тие ефекти ќе бидат минимизирани во случајот на Република Македонија, односно нема да се дозволи било каков ценовен шок кој што би бил на товар на граѓаните.

    – Што се однесува до примерот со Хрватска, кој што СДСМ го користи како аргументација во својата прес конференција, укажуваме дека станува збор за класична манипулација односно селективно кажување на фактите. Во Хрватска пред почетокот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, цената на електричната енергија за домаќинствата беше драстично зголемена и изнесуваше 120 евра/квч, а потоа некои од снабдувачите на електрична енергија им понудија нешто пониски цени на потрошувачите со цел да привлечат нови клиенти.Во Република Македонија тоа не е случај, напротив минатата година цената на електричната енергија се намали за 3 отсто, а нема да биде случај ни со самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија -истакнуваат од РКЕ.

    Регулаторната комисија за енергетика изразува жалење што одредени политички субјекти вршат селективната презентација на фактите и создаваат погрешна перцепција во јавноста за целокупните придобивки од процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија и со тоа го нарушуваат кредибилитетот како на Регулаторната комисија за енергетика, така и на самиот реформски процес кој што произлегува од обврските на Република Македонија од европските интегративни процеси во делот на енергетиката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top