| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата на претседателските кандидати утре на МРТВ1

дебата

По испратената покана до сите претседателски кандидати и нивната официјална согласност, Македонската радио-телевизија соопшти дека утре по завршувањето на вториот Дневник на првиот програмски сервис ќе се емитува дебата меѓу кандидатите за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.

Првиот круг на  претседателските избори ќе се одржи на 13 април. Претседателската трка за нов шеф на државата ја водат четворица кандидати – актуелниот претседател Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Зоран Поповски како кандидат на ГРОМ и Илјаз Халими, номиниран од ДПА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top