| четврток, 6 декември 2018 |

Реал, Сити и Монако подготвуваат голема размена

Исто како во НБА-лигата, така ќе направат и три големи европски фудбалси клуба кои во летниот преоден рок подготвуваат тројна замена.

Според магазинот „Марка“, раководствата на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Монако имале тајна вечера на која присуствувал и Радамел Фалкао со неговиот менаџер.

Засега не е познато за што точно се преговарало, но „Марка“ предвидува дека во јуни би можело да дојде до голем трансфер, односно Фалкао би отишол во Манчестер Сити, Серхио Агуеро во Реал Мадрид, а Анхел ди Марија во Монако. Секако, би имало и финансиско раздолжување бидејќи цената на споменатите играчи не е иста.

Ни преостанува да чекаме да дојде јуни и да видиме дали е вистина тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top