Со помош на своите пријатели, семејството и „Твитер“, Триона Присли (15), која боледуваше од цистична фиброза, минатата недела успела да дојде до младиот англиски музичар Ед Шeран, кого многу го сакала.
Со ознаката #SongFotTri и малку труд, музичарот дознал дека Триона сака пред смртта да ѝ ја испее нејзината омилена песна „Little Bird“.
Ед во вторникот ѝ се јавил на Триона во болницата. Додека ѝ пеел, таа заспала и неколку минути потоа починала, пишува „Индекс“.
Нејзиниот брат разговарал со „Индепендент“ и официјално му се заблагодарил на Шеран.
– Тоа што ни го даде нм и на неа беше преубав последен заеднички момент – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почина младиот пејач Кајл Павоне
-
Овој пејач бил снимен додека се дрогира: Поради недолично однесување го исфрлиле од свадбата на која пеел!
-
Фолк пејач фотографиран како спие пијан на скали: Уништен од алкохол, а некогаш имаше хитови
-
Летово ја раскина свршувачката: Го препознавате ли овој македонски пејач?