| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатата фоторепортерка убиена во Авганистан

fotoreportkill

Фоторепортерката на „Асошиејтед прес“, Ања Нидрингхаус, денеска е убиена во престрелка во Авганистан, а нејзината колешка Кети Ганон е тешкоранета.
Ганон е тешкоранета и моментално се наоѓа во болница, а Ања починала на самото место. Потврдено е дека напаѓачот бил полицаец.

Нидрингхаус престојувала во Авганистан поради изборите кои се закажани за утре. Во Авганистан беше убиен и шведскиот новинар Хилс Хронер, кој го загуби животот на 11 март.

Само десет часа подоцна, истакнат авганистански новинар е убиен заедно со уште осум лица кога на нив пукале Талибанци во луксузен хотел во Кабул.

Најпознатата фоторепортерка на светот, Ања Нидрингхаус, ги следеше сите светски судири, добила Пулицерова награда во 2005 година за фотографија направена во судирите во Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top