Еден од најдобрите фудбалери на светот во последните 10 години, Роналдињо, очигледно не е омилен во сите делови на светот, што го потврдува и ова видео што дојде од Колумбија.
Во дуелот на неговиот Атлетико Минеро со Санта Фе, кој се одигра во рамките на Копа Либертадорес, Бразилецот домашните навивачи го гаѓаа со метални парички и со други предмети кога се обиде да го изведе корнерот.
Роналдињо во еден момент се откажа од изведувањето и му се пожали на главниот судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.