Секојдневното консумирање на најмалку два филџана кафе е поврзана со 66 отсто помал ризик за смрт од цироза на црн дроб, ова го покажа најновото истражување.
Научното списание „Хепатолоџи“ ги објави резултатите, кои истражувачите од Универзитетот во Сингапур ги собрале од околу 63.000 испитаници на возраст од 45 до 74 години.
Учесниците во истражувањето биле следени во просек 15 години, а кафето било најизразено поврзано со намалување на ризикот за смрт кај лица чијашто цироза не била предизвикана од вируси.
Кафето не било поврзано со помал ризик за смрт кај пациенти кај кои цирозата на црн дроб била предизвикана од вирусот на хепатит Б.
Во студијата е утврдено и дека честата консумација на алкохол го зголемува ризикот од цироза на црн дроб.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека цирозата на црн дроб е 1,3 отсто од смртните случаи во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.