
Најновата колекција на Елена Лука „Златни узди“ беше промовирана на втората ревијална вечер на Модната недела во Скопје, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Колекцијата за актуелната сезона пролет-лето 2014 е составена од 49 креации. Наменски за оваа колекција се изработени и чанти и чевли со потписот на модната куќа. Боите кои преовладуваат во најновите модни парчиња се црната, златната и белата.

Пролетното издание на Модната недела продолжува вечерва од 18 часот, во салонот „Порше Македонија“ со креации на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, потоа со моден перформанс на минатогодишните победници на „Поп!Мода“, Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили. Со модна ревија ќе се претстави и дизајнерката Ирина Тошева а вечерта ќе ја затвори групна модна ревија на Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска, Бобан Илиевски и Никола Петровски.
Вечерва веднаш по завршувањето на ревиите, колекциите на студентите од Факултетот за арт и дизајн, на Ирина Тошева, Виктор Цветановски, Марјана Рујаноска, Стефанија Насеска и „Chic undercowear“ на Бобан Илиевски, ќе бидат достапни за купувачите во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје.
фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


