| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски дизајнери на Модна недела во Шангај

На Модната недела во Шангај, MODE SHANGHAI, свое деби ќе имаат младата дизајнерка Јована Филиповиќ и Ристо Бимбилоски под неговата етикета „Ристо“. Во рамки на MODE SHANGHAI постојат неколку изложбени простори (Showroom), а нашите дизајнери се претставуваат на ALTER Showroom.

165-650x433

ALTER Showroom е долгоочекуван проект на ALTER Concept Store, што е пак една од водечките продавници за модни мултибрендови во Кина. Токму затоа во овој шоурум ќе се презентираат најдобирите интернационални брендови, преку нивни колекции и со можност да остварат соработки од различни аспекти. Со оглед на тоа дека ALTER е една од најискусните продавници во Кина кога се работи за модни трендови, продажбен менаџмет и разбирање на локалната модна индустрија и пазар во Кина, несомнено дека учесниците ќе имаат уникатно искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top