Апелацискиот суд од Скопје ја потврди пресудата на Основен суд Кавадарци со кој лажната докторка од овој град беше осудена на 11 месеци затвор и парична казна од 250 евра.
Информацијата ја потврди в.д. претседателката на кавадаречкиот суд, Елизабета Петковска. Првостепениот суд ја прогласи Љ.К. за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета – измама, фалсификување исправа и надрилекарство, потсети Петковска.
Пред една година државен санитарен и здравствен инспектор по вонреден инспекциски надзор донесе решение за отстранување на лажната млада докторка од Здравствениот дом во Кавадарци, каде што работеше извесно време. Министерството за здравство поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста