| четврток, 6 декември 2018 |

Петровец го пречека Пендаровски со роденденска торта

2

Граѓаните во скопските села Кадино, Мралино, Огњанци вчера имаа средба со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-Дојдов да зборувам тука со вас, да ги слушнам вашите маки, да си направиме човечки муабет. Сакам да ви го претставам мојот концепт. Тоа е концепт без делби. Дали имате или не партиска книшка, јас не сакам да правам поделби. Тука сум да се обединиме. Важно е кој каков занает знае, кој какво знаење има, кој на кој начин може да придонесе за доброто на Македонија. Сѐ додека не се гледа така на работите, младите масовно ќе ни бегаат од земјава. Јас предлагам да гласате за правилниот концепт, кој ќе ја врати Македонија на вистинскиот колосек – порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Жителите на Петровец го дочекаа Пендаровски со роденденска торта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top