| четврток, 6 декември 2018 |

Судиите во Бразил ги тепа кој стигне (видео)

Инцидентите во Бразил се вообичаена појава на фудбалските терени, а нов скандал во кој настрада главниот судија се случи на натпреварот меѓу Фаст Клуб и Пењарол во меч од пониските лиги.

Фудбалерите на Пењарол протестираа жестоко по една одлука на судијата, а тренерот на голманите влета на теренот и со класично кроше го погоди судијата во глава.

Бразил ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал од 12 јуни до 13 јули годинава, а инцидентите во тамошните првенства ги загрижуваат организаторите. Имаше и жртви по пресметки меѓу навивачите на трибините, избодени судии со нож и слични инциенти, но домаќините ветуваат дека мундијалот ќе помине во најдобар ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top