| четврток, 6 декември 2018 |

На површина не го најдоа, почнува подводна потрага по малезискиот авион

malezija_boeing_pi_649122S1

Речиси еден месец по исчезнувањето на малезискиот авион, почнува подводна потрага по „боингот 777“ во оддалечениот дел на Индиски Океан, и тоа на само неколку дена пред да се потрошат батериите на црните кутии.

Бродот на австралиската воена морнарица „Оушен шилд“, кој носи локатор за сигнали на американската морнацира, и британскиот брод „ХМС Еко“, кој поседува опрема за подводна потрага, ќе трагаат во должина од 240 километри во јужниот дел на Индиски Океан, наведува агенцијата која ја координира потрагата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top