
Петок повторно носи топло време, но со повеќе облачност во однос на четврток. Облачноста позначително ќе се зголеми во вечерните часови, пред сè во западните делови од земјата. Ќе дува генерално слаб ветер од југоисточен правец со услови за негово повремено засилување, но само во границите на умерени вредности.
Според метеопро.мк, денот ќе биде потопол во однос на претходниот со дневен максимум на температурата кој ќе биде во дијапазонот меѓу 19 Целзиусови степени и 23 Целзиусови степени во поголем дел од котлините, а на југоисток до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб, на моменти до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе има вредност 6 Целзиусови степени, а максималната 23 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


