Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф, кој оваа недела беше обвинет за предавство на посебен суд, избегна експлозија на бомба при поминувањето на неговиот конвој во исламабад, објави полицијата.
-Бомба од четири килограми скриена во канализација, во близина на мостот експлодирала дваесеттина минути пред предвиденото поминување на конвојот на поранешниот претседател, изјави Лиакат Нијази висок полициски службеник во Исламабад.

До инцидентот дошло кога поранешниот воен службеник, кој штотуку ја напуштил воената болница во Равалпинда каде ги поминал последните три месеци на набљудување поради коронарни проблеми за да се врати во својата вила во Шак Шахзда, во предградието на главниот град.
-Никој не е повреден во експлозијата, потврдил портпаролот на полицијата на главниот град Мухамед Наим истакнувајќи дека поранешниот претседател најверојатно бил мета на нападот.
Пакистанското правосудство смета дека генералот Мушараф е американски сојузник, кој беше на власт од 1999 година до 2008 и ја предаде нацијата кога воведе вонредна состојба, го укина Уставот и ги распушти судиите во 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


