Швајцарскиот шампион Базел ја декласира Валенсија со 3-0 во првите четвтфинални мечеви од Европа Лигата на УЕФА и има одлилна предност пред реваншот на „Месталја“.
Шпанците беа фаворити, но домаќинот од Швајцарија славеше вредна победа со која е на чекор до полуфиналето. Делгадо со два гола во првиот дел најави изненадување, а за комплетирање на неочекуваниот исход се погрижи Штокер со погодок во самиот финиш.
Јувентус ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Лион и победи со 1-0 на гости на „Стад Жерлан“. Леонардо Бонучи беше прецизен во 85 минута.
Со идентичен резултат Порто го доби дербито на Пиринеите спротив Севилја, а радост на „Драгао“ донесе Мангала со гол во 31 минута. И третиот од четирите меча вечерва заврши со резултат 1-0, а повторно гостите славеа. Поранешниот европски првак Бенфика во Холандија го совлада АЗ Алкмар со погодокот на Салвио во 48 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)


