| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими на прославата на Косово

besimi

Македонскиот минситер за одбрана Фатмир Бесими присуствува на свечената церемонија по повод одбележувањето пет години од независноста на Република Косово на покана на претседателот Атифете Јахјага, премиерот Хашим Тачи и министерот  на косовските безбедносни сили, Агим Чеку.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Бесими ќе присуствува и на свечената парада по повод Денот на независноста која ќе се одржи на плоштадите Мајка Тереза и Захир Пајазити во главниот град – Приштина. Исто така, ќе присуствува и на повеќе културно – уметнички настани и настани кои ја одбележаа историјата на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top