Дали германските пилоти се лакоми?- е прашање кое се поставува на вториот ден од најголемиот штрајк досега на пилотите на гермснката авиокомпанија”Lufthansa”, кој го блокираше авиосообраќајот и наиде на бес кај патниците, критики од политичарите и неразбирање од оние кои извршуваат приближно тешки задачи за многу помалку пари.
Иако штрајкот во кој учествуваат девет од десет пилоти е од најшироки размери досега во Германија нема хаос, истакнуваат медиумите и штрајкувачите, а претседателот на Lufthanzа” Криштоф Франц веќе покажа подготвеност за компромис.
-Се надевам дека наскоро ќе седнеме на маса и таму ќе изнајдеме што е најприфатливо за двете страни, му изјавил Франц на еден германски таблоид и нагласил дека тие би сакале пред се поради нивните патници и за доброто на компанијата што побргу да се договорат.
Статистиката покажува дека еден пилот на “Lufthanze”, кој во текот на својата кариера ги постигнал сите успеси може да заработи и околу 260.000 евра годишно, заедно со додатоци, а еден капетан околу 150.000 евра. Што е тоа што пилотите кои според статистиката спаѓаат во едни од најдобро платените професии во Германија, ги натерало пред распустот за Велигден да го започнат најголемиот штрајк во историјата на оваа компанија и со тоа да го предизвикаат бесот на патниците и лутината кај политичарите, можеби најдобро говори реченицата на еден од нив, кој вели дека штрајкува бидејќи на старост сака да биде финансиски обезбеден.
-Штрајкувам зошто сакам пред заминувањето во пензија да бидам финансиски обезбеден, изјави Маркус Вал кој е пилот 11 години и кој 80 часа поминува месечно во лет со Боинг 777 на релациите Њујорк и Сонгапур, нагласувајќи дека тој заработува нешто повеќе од 100.000 евра годишно. Тој смета дека “Lufthanza” наместо парите да им ги дели на акционерите треба подобро да се грижи за вработените.
Во текот на овој штрајк откажани се 3.800 летови со што се погодени близу половина милион патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


