Според пишувањето на „Дејли телеграф“, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ќе добие неверојатни 120 милиони фунти за да доведе засилување во летниот преоден рок, што ќе биде и највисокиот буџет во историјата на клубот.
Поголемиот дел од парите францускиот стратег има намера да ги потроши на тројца играчи.
Главна цел е да го доведе напаѓачот Диего Коста од Атлетико Мадрид или, пак, Марио Манџукич од Баерн. Тука влегува во игра и играчот за врска од Шалке, Јулијан Дрекслер, кого Арсенал не успеа да го донесе во претходниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


