Студенти од осум факулети ќе бидат дел од програмата за практиканти на „Окта“. Целта на оваа програма е да им се понуди на студентите искуство со кое ќе станат целосно подготвени во почнување сопствена професионална кариера.
– „Окта“ е голема компанија, активна на многу деловни полиња. Ние сме во состојба на нашите практиканти да им понудиме единствено знаење и искуство, кои ќе им користи при почнувањето на сопствената кариера. Оваа практика ќе придонесе за нивниот развој и градењето самодоверба. Во исто време, програмата ќе ѝ овозможи на „Окта“ да се сретне со мноштво свежи и иновативни идеи од младите луѓе и ќе ни даде можност полесно да ги идентификуваме кандидатите кои би ѝ се придружиле на нашата компанија на неодреден период – изјави генералниот менаџер на компанијата, Виктор Папаконстантину.
Практикатнската програма е добро воспоставена практика во големите компании во светот, преку што на добро теоретски образованите студенти им се дава можност да научат за практична примена на стекнатите знаење. Програмата носи придонеси за сите страни, практикантите добиваат непроценливо искуство од функционирањето на една голема компанија, а компаниите добиваат пристап до свежи идеи и најнови академски знаења.
Практикантите ќе бидат ангажирани во текот на целото работно време во различни оперативни сектори на компанијата. „Окта“ ќе им исплаќа награда, а воедно ќе им обезбеди на практикантите превоз и храна за времетраењето на практиката.
-Свесни сме за моменталната економска ситуација во државата и општо во регионот, како и за фактот дека повеќе од половина од младите луѓе се уште се невработени. Поради тоа, сакаме да им помогнеме на квалитетните кандидати да бидат поконкурентни на пазарот на труд со искуство здобиено во компанија како што е „Окта“. Бидејќи само мотивирани млади луѓе можат да донесат нови перспективи и креативни решенија – изјави Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорнoст и комуникации во „Окта“.
Студентите кои се дел од прoграма се во завршна година на студии или магистранти, а се избираа од Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Природно математичкиот (отсекот хемија) и Градежниот факултет, сите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и приватните, Универзитетот „Американ Колеџ Скопје“ и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.