Вечерва на програмата се првите четврт-финални пресметки во Лигата на Европа. Највозбудливо ќе биде дербито меѓу Лион и Јувентус, а интересно се очекува да биде и на средбата Порто – Севилја.
На останатите две средби се среќаваат АЗ Алкмар – Бенфика и Базел – Валенсија. Фудбалерите на Јувентус со едната рака ја држат третата титула во низа во Серија А.
Тие на седум кола пред крајот имаат осум бода повеќе од Рома, што им овозможува во Лигата на Европа да играат без калкулации и да влезат со голема самодоверба. Сепак, Јувентус последен пат го освоил овој трофеј во 1996 година и доколку сака да го повтори тој успех, ќе мора да го елиминираат Лион во четврт-финалето.
– Ќе играме мирно и внимателно. Победата ќе биде чекор кон полуфиналето, но, од друга страна, таа само ќе ни донесе мирен пат на реваншот во Торино – вели Бишевац одбранбениот играч на Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.